Неофит: Ќе направиме се за целосна радост на нашите македонски браќа
Бугарската православна црква ќе продолжи да помага за решавање на статусот на македонската црква, најави денеска бугарскиот патријарх Неофит.
– Важно беше да се утврди името на државата и верувам дека постепено ќе одиме кон радост. Ќе направиме се што е неопходно, со Божја помош, радоста на нашите браќа од Македонија да биде целосна, изјави патријархот Неофит одговорајќи на прашање на „Бгнес“ на какво ниво се односите и дали бугарската црква ќе продолжи да и помага на црквата во Северна Македонија.
Патријархот Неофит денеска служеше архиерејска литургија во храмот „Света Софија“ по повод христијанскиот празник Благовештание.
Патријархот Неофит денеска служеше архиерејска литургија во храмот „Света Софија“ по повод христијанскиот празник Благовештание.