Ненадејно почина пејачката Долорес О’Риордан


Пејачката на ирската група „Кренберис“, Долорес О`Риордан почина денеска во Лондон на 46-годишна возраст.

Публицистката Линдзи Холмс изјави дека О`Риордан починала ненадејно во Лондон, каде била на снимање. Причината за смртта засега не е позната.

Групата „Кренберис“ меѓународната слава ја стекна во 90-те години од минатиот век со хитовите како што се „Зомби“ и „Лингер“. Групата продаде повеќе од 40 милиони плочи.

Бендот престана да постои во 2003 година, но неколку години подоцна повторно се собраа.

„Кренберис“ минатата година го издаде албумот „Something Else“ и требаше да заминат на турнеја низ Европа и Северна Америк