Нема недоразбирања за законот за попис


Владата на следната седница ќе го разгледа законот за попис на населението, истакна денеска портпаролот на Владата Муамед Хоџа, нагласувајќи оти се очекува тој да помине на следната владина седница.

Хоџа ова го кажа одговарајќи на новинарско прашање зошто законот вчера не бил ставен на владина седница и дали тоа можеби е поврзано со одредени недоразбирања меѓу коалициските партнери во однос на ова законско решение.

-Нема недоразбирања, законот за попис на населението не беше на дневен ред и очекуваме за него да се дискутира на следната седница, рече Хоџа и повтори дека недоразбирања околу Предлог-законот нема, бидејќи тој е хармонизиран со сите партнери.