Неисправни возила за превоз на патници и во Кичево


На целото подрачје на СВР Охрид, вчера беа извршени зајакнати акциски контроли во сообраќајот, посебно насочени кон возила кои вршат јавен превоз на патници.

Притоа, полициските службеници извршија контрола во Кичево на вкупно 60 моторни возила, од кои на дополнителен преглед во станиците за технички преглед упатени се 24 возила кои вршат јавен превоз на патници.

Во станиците, констатирани биле вкупно две неисправности од кои, еден неисправен уред за запирање.

При акциските контроли, од сообраќај се исклучени две возила со кои се вршел јавен превоз на патници.

Полициските службеници во Кичево издале вкупно две прекршочни платни налози.

– Акцискате контроли беа спроведена со цел подигнување на степенот на безбедност во сообраќајот и доследно почитување на одредбите од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, информираше портпаролот на СВР-Охрид Стефан Димоски.