На 19 мај во замокот Виндзор: Свадбата на Хари и Меган без политичари
Англија– Британскиот принц Хари и неговата свршеница Меган Маркл не ги поканија на свадбата британската премиерка Тереза Меј и Џереми Корбин. Одлуката да нема „официјален список“ со политички лидери на кралската венчавка значи дека ни американскиот претседател Доналд Трамп нема да добие покана. Одлуката била донесена поради ограничениот број на места во црквата и фактот дека Хари е петти во наследување на тронот. Исто така е потврдено дека поранешниот американски претседател и првата дама Барак и Мишел Обама, кои се блиски пријатели на принцот, не се поканети на венчавката.
Кралската венчавка на 19 мај во замокот Виндзор ќе има 1.200 „обични смртници“ од јавноста.
Двојката веќе најави дека не сака класични свадбени подароци, туку објави листа на добротворни организации што двајцата ги поддржуваат и ги повикаа заинтересираните и гостите да донираат на нивните сметки.