На Фолклорниот фестивал во Кичево ќе има гости од Мексико, Србија, Црна Гора и Бугарија


Во три фестивалски вечери од 6 до 9 јули на платото на Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево ќе се одржи 11. издание на Меѓународниот фолклорен фестивал на народни песни и ора „д-р. Владимир Полежиноски“.

Од Центарот најавуваат дека ќе имаат гости од повеќе држави низ светот меѓу кои и Мексико, Црна Гора, Србија и Бугарија.

Настапите ќе започнуваат во 21 часот трите вечери по ред.

Фестивалот е во организација на Центарот за култура „Кочо Рацин“ – Кичево и Министерството за култура на Република Македонија.