На Трамп не му оди со географијата
Американскиот претседател Доналд Трамп погрешно изговори имиња на две земји – Непал и Бутан – на состанокот со разузнавачките служби, пренесува Б92.
Како што јави дописникот на Си-ен-ен, Џон Волкот, Трамп го нарече Непал, „Нипл“ (Nipple – брадавица) на состанокот со разузнавачите, додека Бутан „Батн“ (Button – копче). Тој, исто така, за двете земји рече дека се дел од Индија.
„Прво нешто е незнаењето на претседателот. Тоа доаѓа до точка каде што смета дека Непал и Бутан, кои ги нарече ‘брадавица’ и ‘копче’, всушност се дел од Индија“, рече Волкот.
„Чекајте, тој навистина го рече тоа“, рече Брук Болдвин, водителка на Си-ен-ен.
„Навистина“, одговори Волкот.