Најозборувана свадба во регионот: Лепа Брена и Боба Живојиновиќ го женат синот Филип


Србија– На венчавката на Филип Живојиновиќ и Александра Пријовиќ во четврток во Белград ќе дојдат гости од цел свет, ќе служат 160 келнери, додека една од најскапите ставки ќе биде изнајмувањето на 120 соби за дел од гостите во еден од најлуксузните белградски хотели.

Идните младенци ангажирале приватно обезбедување, од кое 60 телохранители ќе ги чуваат гостите, додека келнерите ќе служат повеќе од 900 луѓе на прославата.

Освен тоа, идниот свекор, екстенисерот Боба Живојиновиќ, кој инаку е главниот организатор на свадбата, резервирал соби во хотелот за на гостите да им пружи комфор.

Пред неколку дена од Кина стигнаа украсните кристали, а Бобн неодамна купил вол од 500 килограми, кој ќе биде симбол на долг и среќен брак.

На менито ќе има познати специјалитети, од хрватското рибно мени, а од Црна Гора морски плодови, додека од Босна скара. Двојката веќе го потпиша предбрачниот договор.

Филип е син на Бобан Живоиновиќ од претходната, долгогодишна врска со девојката Зорица која живее во Словенија, ама живее со останатите два полубрата и со балканската ѕвезда Лепа Брена во нивниот луксузен дом во Белград.