Најважна музичка ноќ во Британија: Вечерва се доделуваат наградите „Брит“


Англија-Младата ѕвезда со албанско потекло Дуа Липа води со пет номинации, една повеќе од Ед Ширан, вечерва, на доделувањето на наградите „Брит“ во Лондон. Поп- ѕвездата Џастин Тимберлејк ќе биде дел од музичарите кои ќе се качат на сцената на церемонијата на најважната музика ноќ во Британија. Од весникот “Сан” велат дека Тимберлејк дури е поврзуван за хедлајнерите на престижниот музички настан, за време на кој тој ќе исполни некој од последните хитови.

“Џастин стана дел од историјата на Брит, откако ги исполни дуетот со Кајли во 2003 година и затоа тој секогаш ќе биде поврзуван со наградите. Овој пат, сепак, тој ќе се појави самостојно “, пренесуваат медиумите.

За поп пејачот тоа ќе е трето учество во шоуто, тоа е рекорд за индивидуален изведувач.

Покрај него на церемонијата ќе пејат во живо и Рита Ора, Rag’n’Bone Man, Ед Ширан, Сем Смит, Стормзи и “Фу Фајтерс”.