НАТО: Употребата на хемиско оружје е закана за меѓународниот мир и безбедност
Силно ја осудуваме употребата на хемиско оружје во Сирија, последниот случај беше застрашувачки. Тоа е закана за меѓународниот мир и безбедност, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.
– Го повикуваме сирискиот режим и неговите поддржувачи да дозволат укажување меѓународна медицинска помош и меѓународни набљудувачи, додаде тој.
Столтенберг ги повика виновниците за употреба на хемиско оружје да поднесат одговорност.
– Треба да ја заштитиме забраната за хемиско оружје, истакна генералниот секретар на Алијансата.