Наредната сабота е работна за учениците


Основните и средните училишта ќе одржуваат настава во две саботи до крајот на учебната година, информираат од Министерството за образование.

Работни ќе бидат саботите на 17 март и на 14 април, а двата дена ќе бидат со распоред на часови од петок.

Саботите се работни, бидејќи зимскиот распуст беше продолжен за еден ден, а во јуни последните два дена од учебната година паѓаат во викенд.

Од Министерството за обрзаование и наука велат дека според планот за работа на училиштата во текот на учебната година треба да се одработат 180 дена, а според распоредот за работа годинава недостасуваат четири работни дена, кои што учениците ќе треба да ги одработат во две саботи во првото полугодие и две во второто полугодие.