Намалени цените на производителите на иднустриски производи


Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во ноември годинава се пониски за 0,2 отсто на месечно ниво, а повисоки за 1,6 отсто на годишно ниво.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во споредба со минатиот месец продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите Енергија за 1,1 отсто и Капитални производи за 0,2 отсто.

Во однос, пак, на ноември минатата година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Интермедијарни производи, освен енергија за 5,7 отсто, Капитални производи за 3,1 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,0 отсто