Невреме во преспанскиот регион
Преспанскиот регион, градот Ресен и околината попладнево беа зафатени од силно невреме проследено со обилен дожд и град.
Од подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство кусо инфомираат дека градот предизвикал големи штети врз насадите со јаболка, а допрва ќе се проценуваат и штетите врз други земјоделски култури.
Во наредните денови екипи ќе вршат проценка на штетите од невремето кое попладнево го зафати преспанскиот регион.