Музички награди на „Ем-Ти-Ви“: Камила Кабејо триумфира во Билбао


Шпанија– Дамите на поп-музиката гио собраа главните награди на Музички награди на „Ем-Ти-Ви“ во Билбао. Камила Кабејо освои  четири, од шесте номинирани категории: За музичар на годината, за најдобра поп-изведба, песна „Хавана“ и спот. Ники Минаж освои две награди- за хип-хоп и изглед. Дуа Липа – за најдобар поп изведувач и Карди Б. –за нова музичка ѕвезда. Ариана Гранде не освои ниту една награда иако беше номинирана во пет категории.Џенет Џексон ја доби наградата за глобална поп икона.

На црвениот тепих (или подобро кажано – на розовиот тепих) продефилираа бројни ѕвезди од интернационалната музичка сцена, дотерани во свечена облека.

Доминираа ексцентричните модни избори, како и поп стилот. Годинава не видовме многу долги фустани, поголемиот дел од гостите всушност одбраа мини фустани, додека палетата од бои и детаљите не останаа незабележани – меѓу кои имаше и добри и лоши избори.

Дуа Липа и Камила Кабело го привлекоа најголемото внимание.