Музата на Александар Меквин пронајдена мртва: Се самоуби аристократката Анабел Нилсон


Англија- Манекенката и аристократка Анабел Нилсон, поранешна сопруга на милионерот Нет Ротшилд, и муза  на дизајнерот Александар Меквин, пронајдена е мртва во нејзиниот дом во Челзи. Имала 49 години.

Засега не се познати детали за нејзината смрт, иако полицијата истрагата ја води како ненасилна. Но нејзините пријатели за „Дејли Меил“ раскажале дека се борела со депресија и дека поради тешки болки во грбот, откако во 2013 паднала од коњ, била зависна од таблети против болки.  На 16 години Анабел преживеала брутален напад во кој била претепана и поради повредите на лицето морала да направи низа пластични операции.

Супермоделот Кејт Мос, најдобрата нејзина пријателка е скршена, а Нилсон се дружеше и со супермоделот Наоми Кембел.

Нилсон му станува муза на Меквин на 22 години. Оттогаш е трендсетерка од високото англиско друштво. Славниот дизајнер Меквин, исто така се самоуби во 2010 година.