Моторџија загина на „Првомајска“
Триесет и осумгодишен скопјанец загина во сообраќајна несреќа што се случи попладнево на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје. Според полицијата, Е.С. (38), управувајќи со мотоцикл „сузуки“ изгубил контрола и се превртел на патот.
„Од здобиените повреди, починал на лице место“, информираат од МВР.
Смртта била констатирана од страна на лекар на Итна медицинска помош. По увидот, се истражуваат причините за несреќата.