Монако со сериозна понуда за Фабрегас


Играчот од средниот ред на Челзи, Цеск Фабрегас може наскоро да го напушти клубот. Според „Газета дело Спорт“, Монако направил сериозна понуда за 31-годишниот Шпанец.

Фабрегас е подготвен да замине од Лондон поради минималната можност да игра под водство на Маурицио Сари. Тој го загуби местото во сартните единаесет во конкуренција со Рос Баркли.

Во актуелната сезона, Фабрегас учествуваше во 13 натпревари за Челзи, постигна 1 гол и даде 2 асистенции.

Во меѓувреме заменик-претседателот на Монако, Вадим Василиев, рече дека тимот треба да се справи со тешкотиите и да стане посилен. Тој додаде дека иднината на клубот изгледа возбудлива.

– Секако, не сме претпоставувале дека ќе се соочиме со такви тешкотии, но останувам позитивен. Иднината на клубот изгледа возбудливо.Мора да ја напуштиме опасната зона и тука гледам предизвик за Монако. Клубот треба да биде посилен, рече Василиев.

Монако е на претпоследна позиција во пласманот, со само 13 поени по 17 круга.