МОК забрани настап на Русија на ЗОИ во Јужна Кореја
Меѓународниот олимписки комитет го суспендира Рускиот олимписки комитет од учество на Зимските олимписки игри што ќе се одржат во Јужна Кореја во февруари 2018 година.
– Руските натпреварувачи ќе можат да се натпреваруваат на ЗОИ во Јеонгчанг под олимписко знаме, соопшти МОК.
За да добијат дозвола за учество на игрите спортистите од Русија ќе мора да поминат посебни прегледи за допинг.
Рускиот ОК ќе мора да плати отштета на МОК во износ од 15 милиони долари додека Виталиј Мутко тогашен министер за спорт, доживотно е суспендиран за било што во врска со ОИ.
На само девет недели пред ЗОИ, руските спортисти се суспедирани од натпреварите во Јужна Кореја што е казна за допингот на Игрите во Сочи во 2014 година.
МОК минатата година им забрани на руските спортисти да се натпреваруваат на Летните олимписки игри во Рио, а од сите меѓународни федерации поединечно побара да се изјаснат дали ќе им дозволат на Русите да настапуваат на игрите.
Зимските олимписки игри ќе се одржат од 9 до 25 февруари 2018 година во Јужна Кореја.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека би било „понижувачки“ за спортистите од неговата држава да учествуваат на ЗОИ како неутрални натпреварувачи и да им се ускратат нивното национално знаме и химна.