Модриќ: Бев сигурен дека ќе погодам, ама….
Русија – Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација, Лука Модриќ беше пресреќен по победата над Данска и пласманот во четвртфиналето на Светското фудбалско првенство. Тој можеше да биде трагичар на овој дуел, бидејќи промаши пенал на пет минути пред крајот на второто продолжение.
– Утрото го гледав Шмајхел како брани пенали. Бев сигурен дека ќе погодам. И тогаш….Шутнав многу лошо, а тој ми го одбрани дарот. Никогаш повеќе нема тоа да го правам. Ми беше многу тешко, но собрав сили да учествувам во пенал-рулетот и за среќа бев успешен. Уште еднаш покажавме дека ние не можеме без драми. Најважно е дека сме во четвртфиналето, изјави Модриќ.
Следен противник на „коцкестите“ ќе биде домаќинот Русија.
– Секогаш е тешко кога играте против домашниот тим. Русите се многу силен противник. Пред нас е шансата на генерацијата и сметам дека можеме да ја искористиме, додава Модриќ.