Модна лекција по анатомија: Фармерки со контроверзен крој ги збунија купувачите
САД – Се сеќавате ли кога фармерките беа само деним-панталони? Најпрво се појавија како тесни џинс-панталони, па потоа следуваа тие со висока половина и „мама крој“… сите модни револуции во свое време.
Како се менуваат нештата? Сега постојат секакви видови чудни реинкарнации на скромниот дел од гардеробата, од стилови без среден дел од панталоните, до такви што буквално се распарчени на делови.
Меѓутоа, најновиот скандал што го зафати светот на џинсот доаѓа од брендот со седиште во Лос Анџелес, „Кармар Деним“, чии „екстремно отсечени“ фармерки многу малку оставаат на имагинацијата, односно тие се практично лекција по анатомија.
Иронијата е, се разбира, и покрај тоа што се состојат од малку ткаенина, односно само 20 грама, фармерките се прилично скапи, поради кои потрошувачите авантуристи трошат 168 долари.
Што е најинтересно, веб-страницата ги опишува фармерките како „панталони со висока половина и големи отсечоци на предната и задната страна“.
Веб-страницата додава дека тие доаѓаат во удобен број. Сепак, не е јасно колку треба да ви биде удобно за да ги носите во јавност.
Секако, луѓето на социјалните мрежи реагираа на фармерките со неверување и негодување.