Моден викенд-Скопје со повик до дизајнерите: Бидете дел од „Обединета мода“
Ако сте дизајнер од Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Хрватска, Словенија, Србија, Бугарија, Грција, Романија и Турција и Вашата цел е меѓундародна презентација и развој на брендот, тогаш Вашето место е на шоурумот „Обединета мода“ .
Моден викенд Скопје кој е дел од интернационалното здружение кое го реализира проектот „Обединета мода“ (Унитед Фасхион ) и идната година ќе биде домаќин, објавува отворен повик за сите домашни и регионални дизајнери кои ќе земат учество за време на Моден викенд Скопје од 29 март до 1 април 2019 година.
Со партнерите ќе се изберат вкупно 36 регионални и дизајнери од Европа (Белгија, Франција, Португалија, Фландрија, Латвија, Германија и Велика Британија) кои ќе бидат учесници на шоурумот во Скопје за да го презентираат и запознаат модниот (текстилниот) пазар на Југоисточна Европа.
Шоурумот ќе го посетат интернационални купувачи и претставници на медиумите. Исто така селектираните учесници ќе имаат шанса да учествуваат на средби за вмрежување и работилници.
Активностите ќе вклучат презентација на ЈИЕ пазарот од страна на професионалците од индустријата, презентации од селектирани локални производители, посета на фабрики од страна на селектираните дизајнери и букирани Б2Б средби помеѓу дизајнерите учесници и локалните производители.
Главната цел на проектот е промоција на модните дизајнери од Југоисточна Европа пред интернационалните купувачи и претставници на медиумите како и поврзување на дизајнерите од Европска унија со македонските фабрики. Проектот зазема пристап за зајакнување на конкурентноста преку мулти-државна соработка меѓу поединците и малите и средни претпријатија во модниот сектор во регионот и за промоција на ЈИЕ како една економска област на меѓународната сцена.
Освен Моден викенд Скопје дел од проектот „Обединета мода“ се европските здруженија за поддршка на модната индустрија: МАД Брусселс (Белгија), Фландерс ДЦ (Фландрија), МодаЛисбоа (Португалија), Балтиц Фасхион Федератион (Латвија), Маисон де Моде (Франција) ,Фасхион Цоунцил Германѕ (Германија) анд Нот Јуст А Лабел (Велика Британија).
„Обединета мода“ ја доби и поддршката од програмата „Креатив Јуроп“ на Европската унија.
Апликацијата и повеќе детали ќе најдете на следниот линк хттпс://фасхионњеекендскопје.мк/мк/уф-мк/моден-викенд-скопје-објавуваотворен-повик/
Пополнетата апликација испратете ја на инфоЖфасхионњеекендскопје.мк и инфоЖунитед-фасхион.еу , најдоцна до 5 декември, 2018 година.
Фото: Axl Jansen/Sonja Heintschel