Моден викенд во Скопје: Зошто славните дизајнери ги нема во публика?


Не се поканети? Чекаат специјална покана? Не се тука? Немаат време? Од суета? Од љубомора? Не си ги почитуваат колегите? Зошто познатите македонски дизајнери ги нема во публика на Модните викенди во Скопје?

Од сезона во сезона расте бројот на млади дизајнери учесници на модниот настан, а опаѓа бројот на ревиите со звучни имиња. На времето познатите креатори избираа млади талентирани дизајнери, а сега се присутни евентуално како професори на студентите по мода. А и дизајнерите што имаат ревии ретко ги гледаме на ревиите на другите дизајнери.

Чест на исклучоците!

Модниот викенд е всушност за модерните скопјани кои со утринското кафе ги следат цените на берзата и модните ревии на ФТВ. За модерните скопјанки кои ја покажуваат гардеробата на кејот и на улица „Македонија“. За интернационалните брендови кои на скопјани им ги прават достапни глобалните трендови. За генерациите кои сѐ уште сакаат да бидат дизајнери и фотомодели.

Л. Сабит   Фото: Б. Грданоски