МНР ги осуди инцидентите од протестот во Солун


Министерство за надворешни работи соопшти дека Македонија и Грција двете земји се на вистинскиот пат на добрососедство кој ќе резултира со исполнување на евроатлански интеграции на нашата земја, како и стабилности и економски развој на целиот регион.

„За жал сѐ уште се случуваат изолирани инциденти како денешниот во Солун, предизвикани од поединци и групи кои сѐ уште живеат во минатото и во политиките на конфронтација и национална изолираност, чии активности ги осудуваме како политики на омраза и нетрпение. Мнозинството граѓани сакаат да развиваат блиски и пријателски односи со што придонесуваат кон унапредување на соработката и перспективите меѓу двете земји“, се вели во соопштението на МНР.

На вчерашниот протест во Солун против името Македонија се случи и инцидент со палење на македонското знаме, за што следеа повеќе реакции од страна на политичките чинители во земјава.