Мицкоски тврди дека не се видел со Џафери и со Заев


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ги демантираше гласиштата дека денеска пред почетокот на парламентарната седница на која што се очекува изгласување на Законот за јазици, бил на средба со претседателот на Собранието, Талат Џафери и со премиерот Зоран Заев во обид да пронајдат решение за несогласувањата. Тој вели дека во животот никогаш не склучил ниту еден задкулисен договор, затоа што е човек со чист образ и чест.
„Единствено бев Собранието на координација со пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Денес власта и парламентарното мнозинство прават атак врз демократијата, ја поништуваат волјата на граѓаните. Парламентарното мнозинство во Собранието спрема настан кој не ја почитува волјата на огромен број македонски граѓани, го крши Уставот, Деловникот, ова е директен удар на соживотот во Македонија, од кој ниту Албанците, ниту Македонците нема да имаат подобар живот. Само две партии што се договориле врз грбот на етничките заедници мислат дека имаат ќар. Но, државата и граѓаните не. ВМРО-ДПМНЕ е против ваквото сценарио, со чист разум, затоа што тоа е единствениот исправен чекор, затоа што јас и ВМРО-ДПМНЕ ќе останеме да ги штитиме интересите на граѓаните“, вели Мицкоски.