Мицкоски: Нашата влада во преговорите за името е неколку чекори позади грчката
Процесот нa Евро-Атланска интеграција е главната движечка сила за просперитет во нашиот регион. Тој е мотивација за стабилизацијата и оддржливиот развој на земјите од регионот, како и ефикасна алатка за соочување со предизвиците за безбедност и стабилност преку дијалог. Јас искрено верувам во значењето на регионалните партнерства и регионалната соработка како рамка која би дала придонес кон напредокот на безбедноста и стабилноста, која би им овозможила на земјите да ја градат својата заедничка иднина. Земјите од Западниот Балкан мора да постапуваат заедно, независно од тоа што секоја ќе биде интегрирана зависно од мерит. Тие мора да го споделуваат гледиштето дека подобрување на веќе силната регионална соработка е приоритет. Во таа смисла, на НАТО и ЕУ им треба регионот исто колку што на регионот му требаат на НАТО и ЕУ. Безбедноста и стабилноста не почнува и запира во рамките на границите на една земја, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски.
„Во врска со билатералното прашање кое постои помеѓу Грција и Република Македонија би сакал да истакнам неколку посебни аспекти битни за овој процес. До денес, опозицијата добила еден брифинг кој се случил на 27 јануари. Од тогаш не сме добиле конкретни информации во врска со овој процес. Оттука, нашата перцепција е изградена врз основа на информации од медиумите. Над се, движејќи се напред, преговорите мора да биде во опфатот на двете Резолуции на Советот за безбедност од 1993 година и Времената спогодна од 1995 година. Сепак, треба да се истакне дека Времената спогодба беше прекрешна од Грција во 2008 при ставањето на вето за членството на Република Македонија во НАТО. Пресудата а МСП, и фактот дека Грција упорно ја игнорира нејзината содржина, е доказ дека Владата на Република Македонија мора да најде решение кое ќе инкорпорира заштитни механизми со кои што принципите и одредбите на било каков договор не би можеле да биде игнорирани заради субјективни политички причини или потреби од Грчка страна. Многу добро имаме видено дека одговорноста од правна гледна точка никогаш не е сигурна со Грција. Веќе подолг период Република Македонија е страната која ги дава сите остапки, а ништо не добила за возврат. Било какво решение мора да има дигнитет, да биде во опфатот на процесот предводен од ОН, и да гарантира дека билатералните односи ќе се градат рамноправно. За жал, се повеќе изгледа како да нашата Влада е неколку чекори позади Грчката и го води процесот на преговори реактивно наместо проактивно“, вели Мицковски.
Според претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, НАТО е клучна алка за современата Евро-Атланска архитектура, додека ЕУ е најсилна движечка сила за демократски, економски и социјален развој на Европскиот континент.
„ВМРО-ДПМНЕ како и граѓаните на Република Македонија се свесни дека стратешките приоритети – членстово во НАТО и ЕУ – може да се остварат преку: имплементација на национални реформи, развој на регионална соработка и оддржување на добрососедски односи, како и континуиран придонес на регионалната и Евро-Атланската безбедност и стабилност“, додаде Мицковски.