Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати промена на Уставот поради името


„Нема да прифатиме промена на Уставот со цел промена на името на Република Македонија“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при гостувањето во телевизија „Сител“. Според него, „позицијата на ВМРО-ДПМНЕ во минатото е неколку пати кажана јавно и тој неколку пати ја има кажано“.

„Што се однесува до промена на Уставот, а со цел промена на уставното име на Република Македонија и таа е непроменета и ќе остане непроменета“, заклучи Мицкоски.