Минимална, но битна победа на ЖРК Вардар против Митјиланд во Данска
ЖРК Вардар славеше на гостувањето во Данска против Митјиланд со минимална преднсот 23:24. Иако во првото полувреме Митјиланд одигра одлично и имаше четири гола предност, Вардар се разбуди во второто полувреме. Оствари серија од 6-0 и од три гола негатива дојде до водство од три разлика. На крајот македонскиот тим победи со 24:23.
Драгана Цвијиќ со осум и Андреа Лекиќ со шест погодоци беа најефикасни кај „црвено-црните“.
Реваншот од четвртфиналето е закажан за 14 април во Скопје.
Со денешната победа ЖРК Вардар веќе може да ги пакува куферите за Будимпешта со оглед на тоа дека победи на првиот натпревар од 1/4 финалето на Лигата на шампиони и тоа како гости.