Месец на бугарски филм во Кинотека
Со проекција на „Пијте само шуменско пиво“ и „Лузери“, на 1 февруари во Кинотека на Македонија почнува Месецот на бугарскиот филм.
Прикажани ќе бидат осум бугарски филмови од современата бугарска продукција, два документарци и шест играни.
Во четврток, 8 февруари, на програмата е „Мајмун“ (2016) на Димитар Коцев – Шошо, на 15 февруари „Слава“ (2016) на Кристина Грозева и Петар Валчанов, на 22 февруари „Скршнување“ (1967) на Гриша Островски и Тодор Стојанов, на 23 февруари „Мал-голем“ (2011), на 24 февруари „Насоки“ (2017) на Стефан Командарев и на 25 февруари, во недела, „Мисија Лондон“ (2010) на Димитар Митовски.