МЕПСО: Милевски да дојде, да ги најде и да седне во фотелјите од бизон


Пратеникот Горан Милевски денеска го злоупотреби моментот за презентација на Извештајот на ЕЕЗ  и тенденциозно и крајно некоректно пласира дезинформација дека МЕПСО купува фотелји од кожа од бизон, реагира попладнево компанијата.

-Го покануваме да дојде во МЕПСО да ги најде и да седне во тие фотелји. Во таа прилика ќе му биде објаснето дека МЕПСО во својот дел од реформите во електроенергетскиот систем целосно со поддршка од ресорниот владин кабинет и од акционерот Министерството за транспорт и врски ги спровел сите задачи од реформскиот пакет и дека активно, во својот сегмент на работење, се подготвува за имплементација на пазарот за балансна енергија, наведува МЕПСО во реакцијата.