Меган го прекрши кралскиот протокол: Ги прекрсти нозете во присуство на кралицата


Англија- Меган Маркл го прекрши кралскиот протокол. Ги прекрсти нозете во присуство на  кралицата Елизабета Втора на доделувањето на наградите „Млади лидери“ .

На приемот, кој се одржа во Бакингемската палата, новата 36-годишна припадничка на кралското семејство се појави во розова креација со потпис на Прада и елегантни црни чевли на „Алтазура“.

Кралицата носеше цветен фустан и бели ракавици и не ја криеше насмевката додека се поздравуваше со славниот фудбалер Дејвид Бекам, еден од добитниците на наградата.