Мајските оперски вечери годинава го слават Пучини
Пет оперски изведби, еден оперски и еден балетски гала концерт, две изложби и две промоции на книги, ќе понудат годинашните 46. Мајски оперски вечери.
Мотото е „Го славиме Пучини“, а како што беше речено денеска на прес-конференција во МОБ, манифестацијата ќе почне со премиера на „Боеми“, традиционално, на 9 мај.
Мајските оперски вечери ќе продолжат со „Тоска“ на 12 мај, на 15 мај е гала балетскиот концерт со гости од Србија, Бугарија, Хрватска и БиХ, на 19 мај е изведбата на „Турандот“, додека за 22 мај е предвидено гостувањето на Босанската државна опера со изведба на најновата оперска продукција „Змеј од Босна“.
Според раководителот на Македонската операта Бисера Чадловска, на 23 мај ќе се одржи оперскиот концерт по повод 160-годишнината од смртта на Џакомо Пучини и 150-годишнината од раѓањето на Џоакино Росини.
Мајските оперски вечери ќе завршат на 31 мај со традиционална изведба на операта „Аида“ под диригентство на Чадловска.