Матурант силувал 12-годишно дете во прилепско


Дванаесетгодишно дете од село Присад прилепско, пред пет дена било силувано од 18-годишник од Прилеп.

Како што соопшти МВР, Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против прилепчанецот за сторено кривично дело „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“.

Силувачот на 21 овој месец околу 20:30 часот во близина на село Присад, извршил полов напад врз детето.