Математичар од Јанковец е авторот на спорната поезија
Александар Блажевски од село Јанковец, Ресенско, е вистинскиот автор на спорните песни кои излегоа во збирката поезија „Млади поети“ објавена од Агенцијата за млади и спорт.
Блажевски за „Независен весник“ потврди дека тој е авторот и дека многу сакал некаде да бидат објавени негови песни, затоа и аплицирал на конкурсот. Според него, тој исполнувал еден од условите на конкурсот, дека треба да аплицираат поети што немаат ништо издадено, но спорна била возрасната граница до 29 години.
– Пишувам песни, пишувам поезија. Му кажав на Даниел дека ќе аплицирам од негово име, бидејќи јас имам над 40 години. Сакав моите песни да излезат на виделина и да бидат прочитани. Ако има некаква правна основа да се реагира, јас стојам целосно зад секој напишан збор и ја преземам целата одговорност – ни рече Блажевски во телефонскиот разговор за „Независен весник“.
Целата приказна ќе биде објавена во утрешниот број на „Независен весник“.
Ивана Настеска
поврзани текстови:
- Збирката „Млади поети“ повлечена, одговорноста допрва ќе се утврдува
- Николина Андова-Шопова: Спорните песни беа отстранети и не знаевме дека ќе се објават