Маскиран разбојник ограбил поштар
Непознат маскиран сторител извршил разбојништво над 47-годишен поштар од Скопје, А.Ф., вработен во а.д. Македонска пошта.
МВР соопшти дека разбојништвото се случило вчера околу 10 часот на улицата „Македонско-косовска бригада“ во општина Чаир.
Заканувајќи се со пиштол, сторителот од А.Ф. одзел чанта во која имало меѓу 15.000 и 20.000 денари и побегнал во непознат правец.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.