Марјана Станојковска и Васил Зафирчев водители на „Охрид фест 2018“


На  25-тиот јубилеен  меѓународен фестивал ’’Охрид фест-Охридски трубадури“ кој ќе се одржи на 6-7 и 8 септември, од 20,30 часот,  ќе настапат преку 80 изведувачи.Фестивалот  покрај македонската телевизија  ќе го пренесуваат уште  седум  балкански телевизии и австралискиот сателитски канал INTV.

Подготовките за  фестивалот  се во завршна  фаза. Од денес ,на кејот  од Охридското езеро пред  хотелот ““Нова Ривиера““ почнува монтажата на големата сцена, на озвучувањето и  светлосните  ефекти.

Комплетиран се  списоците на пејачи и песни кои ќе бидат преимерно изведени на Фолк, Поп  и Интернационалната вечер .Песните од Поп и Фолк вечерта ќе се  најдат на ЦД-еа кои ќе ги  сними “Сенатор“ од Битола.

„Кроација рекордс“ ќе ги промовира новите албуми на хрватската денс група „Колонија“ и на фолк-ѕвездата Нада Обриќ на 8 септември, на официјалната прес-конференција на „Охрид фест-охридски трубадури“ во хотел „Нова Ривиера“ во 10, 30 часот, информираа од дирекцијата на престижниот фестивал.

Карлос (Бугарија), Жак Худек, Владо Калембер (Хрватска), Елизабет Христоу ( Грција), Ален Исламовиќ (БИХ), групата “Балканика’’(Србија), Мерима Његомир (Србија), се само дел од странските гости чие присуство е потврдено.

На Поп- вечерта поголем простор за афирмација ќе и биде дадена  на новата  млада и надежна генерација пејачи.На програмата се наоѓаат 18  песни кои ќе ги  слушнеме во изведба на Ѓерѓи Пандо ,Александар Здравков , Сашко Андриески, Рената Блажевска ,Анастасија Аврамовска ,Симеон Коруноски ,Горан Наумовски, Дует „Чоки“ , Жармена, Денис Димоски ,трио „Џентлеменс“, Лени Партикова, Огнен Здравковски , Зои Блаж , Пепа Димовска, Филип Јордановски  и  Лена .

Водители на Поп и Интернационалната вечер  ќе бидат  манекенката Марјана  Станојковска и актерот Васил Зафирчев.

На минатогодишните  Охридски трубадури   првата награда   на стручното жири ја освои мелодијата’ ’Очи зелено сини’’ во изведба на Горан Милошески  додека  првата награда на публиката и припадна на песната  ’’Силна’’ која ја исполни Пепа.

Уметнички директор на фестивалот е Григор Копров.