Мареј се повлече од четвртфиналето во Вашингтон, нема да настапи и на Роџерс купот
САД – Поранешниот прв тенисер во светот Енди Мареј му го предаде мечот од четвртфиналето на турнирот во Вашингтон на австралискиот тенисер Алекс де Минаур.Тој воедно соопшти дека нема да настапи и на Роџерс купот во Торонто.
Мареј ја донесе оваа одлука поради исцрпеност од претходниот дуел против романскиот тенисер Мариус Копил, кога и покрај победата, емотивно и низ солзи најави дека не се чувствува добро и не знае дали ќе настапи во следното коло на турнирот.
– Морав да направам добра проценка во врска со одморот и закрепнувањето. Планирам следниот турнир да ми биде во Синсинати. Ја ценам поддршката во Вашингтон и беше одлично што се вратив тука, истакна британскиот тенисер по повлекувањето од четвртфиналето.
За Мареј ова беше само трет турнир по операцијата на колкот во јануари годинава, а во Вашингтон првпат по паузата успеа да оствари три победи во низа.