Мараја Кери тајно го продаде свршеничкиот прстен од 13 милиони долари


САД- Поп-ѕвездата Мараја Кери го задржала својот веренички прстен кој Џејмс Пакер и го подарил во почетокот на 2016 година, и покрај драматичната разделба, без да се дојде до брак. Непосредно пред свадбата одлучија да тргнат по различни патишта, откако милијардерот ја обвинуваше Мараја за неверство, а таа пак ги обвини неговите блиски пријатели за уништените односи.

Свршеничкиот прстен кој Пакер и го даде, беше по цена од 13.2 милиони долари и сега Мараја одлучи дека е време да се раздели со него, но успеа да го продаде за доста пониска сума. Пејачката зеде „скромни“ 2,7 милиони долари од јувелир во Лос Анџелес, на кого тивко му го понудила прстенот.

Портпаролот на ѕвездата потврди дека таа се разделила со прстенот, бидејќи сакала да се ослободи од сѐ што е поврзано со минатото што не и носи пријатни емоции. Сепак, тој одбива да коментира за цената за која го продала.