Македонците не знаат кој е Прибе, дел мислат дека е институција или слаткарница


И јавното мислење се подели по партиска линија, покажа најновата анкета на невладината организација „Евротинк“ направена во текот на ноември минатата година. Анкетата, генерално, потврдува дека од партиската определба во голема мера зависи какви ставови имаат граѓаните за одредени прашања, од членството во ЕУ и во НАТО, договорот со Бугарија, евентуалните алтернативи за Македонија дали односот на ЕУ кон нас е фер или не и планот на Владата 3-6-9.

Анкетата, исто така, покажа дека иако граѓаните имаат став за овие прашања, многу малку знаат за конкретните детали, дотаму што од малкуте што слушнале за експертот на ЕУ, Рајнхард Прибе, на чиј извештај се засноваат сите промени во државата, голем број не ни знаат дека е личност, туку мислат дека е институција, а еден дел од нив дури дека е продавница или слаткарница во Виена.

Целиот текст ќе може да го прочитате во утрешниот број на Независен весник.