Македонските навивачи се подготвуваат за дуелот со Црна Гора


Во пресрет на вечерашниот дуел со Црна Гора (почеток 20:30 часот) од Европското ракометно првенство во Хрватска македонските навивачи се наоѓаат во нивната фан зона „Роко Клуб“ во Загреб во близина на месноста Јарун. Воедно сите се во очекување на нова победа.

Атмосферата е на високо ниво, а според најавите и по натпреварот со Црна Гора се очекува нов собир на македонските фанови во Загреб на истото место. Бројката навивачи на првиот дуел со Словенија на трибините во „Арена Загреб“ беше околу 3.000, а иста поддршка македонските ракометари ќе имаат и на вечерашниот дуел.