Македонската филхармонија со приговор до Министерството за култура


Македонската филхармонија соопшти дека на денешната вонредна седница на која присуствувале Управниот одбор на НУ Македонска филхармонија, во присуство на в.д. директорот, Виктор Илиески одлучиле да испратат приговор до Министерството за култура за настанатиот пропуст околу годишната програма.

„Заради констатираните разлики меѓу усвоената годишна програма на Македонската филхармонија од страна на Управниот одбор на установата, и објавените резултати од Конкурсот на Министерството за култура за проекти од национален интерес во културата во 2018 година (официјално соопштена од ресорното министерство во саботата на 10.02.2018), Управниот одбор на НУ Македонска филхармонија, во присуство на в.д. директорот, Виктор Илиески, денес (14.02.2018) одржа вонредна седница на која беше одлучено да биде испратен приговор до Комисијата за музичко-сценска дејност при Министерството за култура на Република Македонија за направените пропусти во одобрувањето средства за непостоечки проекти во програмата на институцијата“, се вели во соопштението на Македонската филхармонија.