Македонската Влада изрази жалење за убиството на Оливер Ивановиќ


Владата на Република Македонија изрази длабоко жалење за бруталното убиство на еден од политичките лидери на Србите на Косово, Оливер Ивановиќ.

– Со целосно разбирање за траумите од овој нецивилизиран чин, се надеваме на воздржаност, како и на брза реакција на надлежните во Република Косово, низ институционална постапка да се разјаснат околностите и да се откријат организаторите и извршителите на ова брутално убиство, се наведува во соопштението од владината прес-служба.

Од Владата изразуваат надеж дека политичките елити, како и граѓаните на Косово и Србија ќе продолжат со процесите на унапредување на меѓусебните односи.

Владата на Република Македонија повикува и им се придружува на гласовите на разумот дека насилството и теророт не се решение и дека регионот треба продолжи напред во претстојниот исклучително значаен период за сите земји во опкружувањето.