Македонија ЃП го елиминираше Вардар од Купот на Македонија


Фудбалерите на Македонија Ѓорче Петров го елиминираа Вардар во осминафиналето од Купот на Македонија, откако во реванш натпреварот денеска го совладаа со 2:1. Првиот натпревар заврши со реми 1:1.

Победата за Македонија ЃП ја донесе Христијан Кировски, кој беше стрелец на двата погодока во 13 и во 62 минута, а Џемал Ибиши во 34-та минута од натпреварот го постигна голот за Вардар.

На останатите натпревари немаше изненадувања, а актуелниот бранител на титулата Шкендија на гости во Пехчево го совлада Кит-Го со убедливи 0:5 и ја потврди победата од 2:0 остварена во Тетово.

Академија Пандев беше поразена дома од Брегалница со 0:1, но тоа не влијаеше на пласманот во четвртфиналето, бидејќи на првиот натпревар оствари победа од 2:6.

Работнички и Тиквеш ремизираа со 1:1, а благодарение на минималната победа во Кавадарци од 0:1 „романтичарите“ одат во следната рунда.

Прилепска Победа вторпат го победи Гостивар, а Силес не дозволи изненадување во двомечот со Скопје, додека битолски Пелистер беше елиминиран од Беласица.

Двојките за четвртфиналето ќе бидат одредени во петок со ждрепката која ќе се одржи во ФФМ.