Македонија со две титули на изборот во Букурешт: Славниот Мишел Адам ги награди Ива и Сандра


Македонските убавици Ива Михајловска и Сандра Стефановска освоија титули на изборот „Мис Фешн ТВ Јуроп 2018“, кој заедно со пролетниот фестивал „Фешн ТВ“ се одржа во Букурешт, Романија. Тоа не беше обичен избор, туку вистински моден спектакл, кој се одржа во зградата на романскиот парламент.

Ива ја доби наградата „Мис стар“ од модната телевизија (ФТВ), доделена лично од сопственикот Мишел Адам, а Сандра е „Мис телеџеник“, награда која ја доделуваат 10 камермани на ФТВ, кои цело време ги снимаа кандидатките.

Со титулите што ги освоија, тие автоматски се пласираа на светското финале „Мис фешн ТВ ворлд 2018“, кој ќе се одржи во септември на Кипар.

Лиценцата за Македонија за овој интернационален избор за убавина и модели ја поседува модното студио „Црнокрак“, чии членки се Ива и Сандра и во чија организација отпатуваа, престојуваа и учествуваа на изборот во Букурешт.