Македонија меѓу носителите во Лигата на нации


За првото издание на Лигата на нации, УЕФА ги потврди шеширите и фудбалската репрезентација на Македонија е во групата на носители. Ова беше и најавено, па така нашата селекција на жрепката ќе добие противници кои ќе бидат послабо рангирани на ФИФА листата.

Македонија ќе биде во првиот шешир со селекциите на: Азербејџан, Белорусија и Грузија, што значи дека против овие репрезентации нема да може да играме.

Потенцијални ривали ни се од вториот шешир: Ерменија, Летонија, Фарски Острови и Луксембург. Во третиот шешеир се наоѓаат: Казахстан, Молдавија, Лихтенштајн и Малта, а во четвртиот се: Андора, Косово, Сан Марино и Гибралтар.

Извлекувањето на групите ќе се одржи на 24 јануари 2018 година во Нион.