Маж со еден килограм кокаин во стомакот уапсен на аеродромот во Атина


Грчките власти уапсија 25-годишен маж од Бразил на аеродромот во Атина во чиј стомак бил пронајден еден килограм кокаин, објави Катимерини.

Мажот бил задржан за проверка откако слетал со авион од Рио де Жанеиро преку Цирих.

Со рентген на стомакот биле откриени 84 мали пакетчиња со вкупна тежина од 1,1 килограм.

Од мажот биле запленети 400 евра и два мобилни телефона