Маж извршил полов напад врз малолетничка во Валандово


Во полициската станица во Валандово, 41-годишна Валандовка пријавила дека маж (55) од село Пирава извршил полов напад врз нејзината осумгодишна ќерка, соопшти МВР.

Посочениот човек повеќепати во последниот месец сексуалното го злоставувал осумгодишното девојче, навела неговата мајка.

Од полициската станица во Валандово наведуваат дека истиот маж се обидел да изврши полови напади и врз втората ќерка на жената која го пријавила случајот, но девојчето (15) успеало да му избега.

Полицијата презеде мерки за расчистување на случајот.