Лошата инфраструктура, главна пречка за поголема бизнис соработка со Албанија


Туризмот, земјоделството и градежништвото се секторите со најголем потенцијал за интензивирање на соработката меѓу македонските и албанските компании. Но, инфраструктурата и натаму е голема пречка.

Како што беше речено на денешниот бизнис форум што го организира Стопанската комора на Северозападна комора (СКЗМ) и трговската размена меѓу двете земји која изнесува околу 100 милиони евра не е на задоволително ниво.

– Драч е многу блиску, но немаме железница поради што цената за транспорт е висока и пристаништето практично не е конкурентно. Исто е и со патот Тирана – Скопје. Се патува пет часа за должина од само 160 километри. Од овие причини компаниите често отвораат претставништва во пограничните зони, изјави претседателот на СКЗМ Неби Хоџа пред форумот.

Во овој контекст, одговорајќи на новинарски прашања во врска со последната еврообврзница вредна 500 милиони евра, Хоџа рече дека задолжувањето на државата е оправдано само ако поголем дел од парите се трошат за капитални инвестиции.

На бизнис форумот учествуваат преку 20 компании од Албанија кои работат и со САД.