Лондон ја обвинува руската разузнавачка служба за кибер напади во светот


Англија- Британскиот министер за надворешни работи Џереми Хант ја обвини руската воена разузнавачка служба (ГРУ) дека извршила низа кибер напади врз политички и спортски институции, компании и медиуми во светот.

– Такво однесување покажува нивна желба да дејствуваат непочитувајќи меѓународно право и без размислување за последици како никогаш да нема да  бидат казнети, изјави Хант.

– Нашата  порака е јасна. Ние и нашите сојузници ќе откриеме и одговориме на обидите на ГРУ да ја наруши меѓународна стабилност.

Според МНР, Британскиот национален центар за кибер безбедност открил дека ГРУ стојат зад најновите кибер напади во светот.

– Тие напади погодија државјани на многу земји меѓу кои и Русија и тоа ги чинеше државите милиони фунти, додаде тој.

Меѓу нападите е и оној врз американската Демократска партија што беше увод во скандалот за руското мешање во американската претседателска кампања во 2016 година за кој Вашингтон веќе ја обвини ГРУ.