Лидија Димковска учествува на поетски фестивал во Франција
На меѓународниот поетски фестивал „Voix Vives“ кој се одржува од 20 до 28 јули во Сет во Франција, родниот град на францускиот поет Пол Валери, како претставник на Македонија учествува и поетесата Лидија Димковска.
Со останатите учесници на фестивалот кој е посветен на поезијата од Средоземјето, Димковска учествува на десетина поетски читања и средби со публиката на различни места низ градот.
Фестивалот во соработка со француската издавачка куќа „Ал Манар“ меѓу сите осумддесетина поети-учесници на фестивалот годинава избра четворица автори на кои им објави двојазични поетски избори, а меѓу нив е и Лидија Димковска чиј избор од поезијата со наслов „Како е и други песни“ на француски го препеа Харита Вибрандс.