Ливерпул пред договор со Дани Себаљос
Ливерпул е блиску до потпишување на четиригодишен договор со младата надеж на Реал Мадрид, Дани Себаљос. Трансферот се очекува да изнесува околу 40 милиони евра, а минатата година, „кралевите“ на Бетис платија 18 милиони евра за неговите услуги.
Дваесет и едно годишниот фудбалер ретко добива шанса од Зинедин Зидан. Себаљос потпиша шестгодишен договор по неговото пристигнување во Мадрид, со клаузула за откуп во неговиот договор од 500 милиони евра.
Ливерпул сака да додаде опции во неговата полуодбрана, бидејќи менаџерот Јирген Клоп е амбициозен да ја освои титулата следната сезона.